Зошто ќелиите на пчелиното саќе имаат хексагонална (шестаголна) форма?

Рој пчели на саќе

Многу луѓе често пати прашуваат:  Зошто ќелиите на пчелиното саќе имаат хексагонална (шестаголна) форма?

Математички гледано, во цилиндричен (кружен) контејнер, може да се складира најголем волумент на течност (мед). Но кај кружните форми останува празен (неискористен) простор помеѓу ќелиите. 

И други видови на форми може да се земат во предвид како триаголник и квадрат, кои може да се сместат една до друга, без празен простор помеѓу, но гледано тродимензионално, овие форми би можеле да издржат помало оптоварување во споредба со цилиндарот. Рабовите на квадратот на пример се премногу долги како би овозможиле стабилна потпора, односно колку се пократки рабовите на геометриската форма, толку е таа постабилна. 

Споредба на круг, триаголник и квадрат

Исто така острите ќошеви во овие форми може да бидат места каде би се собирале заостанати материјали, кои тешко би се чистеле и би биле потенцијално жариште за нечистотии и зарази.

Така се доаѓа до заклучокот дека хексагоналната форма е идеална за восочното саќе, што е и научно докажано. 

Цртеж на пчелино саќе изгадено од шестаголни келии

Пчелите мора да бидат екстремно ефикасни при конструкцијата на саќето, бидејќи тоа е процес кој им одзема доста време и ресурси. 

За производство на 1 кг восок, пчелите трошат околу 8 кг мед. Хексагоналната структура на келииите, значи дека келиите делат и ѕидови, што овозможува уште поголема оптимизација. Ѕидовите на келиите се тенки, со прстенести појачувања на врвот, со што се овозможува поголеми динамички оптоварувања на саќето. 

Мед во саќе

Околу 100 грама восочно саќе, носи товар од околу 2.5 кг мед. Според некои истражувања, восочното саќе може да издржи и до 1300 пати поголемо оптоварување од сопствената тежина. Восокот како материјал е погоден за градба, бидејќи е лесен за обликување при загревање. Од друга страна пак, ова прави проблеми во пчелното семејство доколку температурата нарасне над 35o C, поради што доаѓа до изобличување на восочните келии. 

Пчелите се добри во одржувањето на амбиенталната температура, па поради тоа не дозолуваат температурата да порасне над 35 o C, но од друга страна пак ова им одзема доста енергија во летниот период. Поради ова се препорачува особено внимание при изборот на положбата на пчелното друштво.


Во однос на генијалноста на хексагоналниот облик, постојат голем број на научни трудови кои се обидуваат да објаснат на кој начин пчелите дошле до оваа структура. Според едни, пчелите се одлични математичари и прецизно ги одредуваат аглите од 120 степени на хексагонот. Познато дека пчелите се одлични во ориентација и во пресметување на нивната позиција во однос на позицијата на сонцето.

Според научни трудови, објаснувањето лежи во тоа дека пчелите ја започнуваат келијата со кружна основа, па гравитацијата со текот на времето си го прави своето и келиите добиваат хексагонален облик. Во секој случај се работи за совршен дизајн на природата кој ни дава причина плус да се восхитуваме на пчелите.