Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво

Еводија (Tetradium Daniellii) - цвет

Еводија (Tetradium daniellii) е листопасно дрво кое потекнува од Јужна Кореја и Кина. Во висина најчесто расте до 8.5 метри, а според некои податоци може да порасне и до 20 м. Кората на стеблото е мазна и сива, а листовите се сјајни со темно зелена боја. 

Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво
Едно-две годишни дрва Еводија

Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво



Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво


Еводијата започнува да цвета по четвртата година од растот, во месеците јули и август. Цветовите се со дијаметар околу 15 см и даваат изобилство на нектар и полен, па затоа некои ја нарекуваат еводијата и пчелно дрво. Плодовите се црвено-виолетови и содржат црни семиња кои се многу мали (илјада семиња тежат само шест грама). Плодовите често остануваат на дрвото во текот на зимата и што претставува дополнителен извор  на храна за птиците.

Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво

Миризливите цветови на еводијата се богати со полен и нектар. Дури и лисјата се миризливи и привлекуваат пчели. Цвета во текот на летото (јули и август) и цветниот период трае околу еден месец. Често може да се видат и паднати цветови со пчели на нив. 
Според некои извори, еден хектар еводија може да даде околу 400-500 кг мед.

Еводија (Tetradium daniellii) – пчелно дрво

Медот добиен од еводија има светла боја, интензивна арома, специфичен овошен вкус и не кристализира. 
Цветот на еводијата привлекува и голем број на други инсекти, а црвените бобинки се привлечни за птиците. 
Во некои делови од светот, од  семето еводија произведува масло за јадење.