Перга - храна на боговите

Што е перга

Перга (пчелин леб, амброзија (англ. Bee bread))  во основа е мешавина од полен и мед. Оваа супстанца е главниот извор на храна за ларвите и младите пчелите работнички. 
Точниот состав на пергата зависи од растенијата кои ги посетуваат пчелите, локацијата, периодот од годината и сл. 
Пчелите додаваат и дополнителни секрети и микроорганизми при припремата на поленот за складирање, кои помагаат во процесот на негово распаѓање и ослободување на аминокиселини и други хранливи материи.

Перга на рамка

Пергата има поинаков состав од поленот бидејќи пчелите додаваат мед и други секрети, како би направиле високо-хранлив извор на протеини. Пчелите не го конзумираат директно собраниот полен, туку го внесуваат во кошницата и го складираат во празните келии од саќето, додавајќи нектар и дигестивни секрети, по што ја запечатуваат келијата со мед.  
По запечатувањето, во мешавината започнува процес  на млечна ферментација. На овој начин, мешавината од полен ја одржува својата стабилност на подолг временски период, т.е. се добива перга.

Нутритивната вредност на пергата се зголемува како резултат на процесот на ферментација што го вршат пчелите работнички. Ова не само што го конзервира поленот на подолг временски период, туку  ја зголемува и биорасположивоста на хранливите материи, бидејќи некои протеини се распаѓаат во аминокиселини, скробот метаболизира во едноставни шеќери а витамините стануваат подостапни.

Придобивки од пергата

Пергата е сложена мешавина составена од приближно 30% протеини, 25-35% јаглехидрати, 1,5-2% липиди, а остатокот се разни нутритивни органски соединенија како што се слободни аминоациди, витамини и минерали. 
Пергата се карактеризира со многу висока хранлива вредност и богат хемиски состав. Исто така, има висока антиоксидативна активност. Од тука доаѓа и нејзиното второ име - амброзија или храна за боговите, поради високиот енергетски состав и високата концентрација на протеини.

Точниот состав на пергата зависи од многу фактори, односно локацијата, видот на растенија од кои се собира полен, па дури и периодот од  денот.
  • Антиоксидансите во пергата штитат од слободни радикали и хронични заболувања. Штетата предизвикана од слободните радикали се поврзува со хронични болести како што се ракот и дијабетес.
  • Пергата ги убива бактериите и го подобрува имунитетот.
  • Антиоксидансите ги намалуваат хроничните воспаленија, ги елиминираат штетните бактерии, се борат против инфекциите и против растот и ширењето на туморите.
  • Пергата го намалува ризикот од срцеви заболувања и го намалува нивото на холестерол во крвта.
  • Студиите врз животни покажаа дека пергата ги подобрува детоксикациските способности на црниот дроб. Црниот дроб е витален орган во човечкото тело кој ги отстранува токсините од крвта.
  • Перга се користи и за намалување на воспаленија и отоци на кожата.

Конзумирање на перга

Пергата е сигурна за конзумирање за возрасни и деца над 2 години. Препорачана дневна доза е 3-4 зрнца за деца и 6-12 за возрасни. Пергата може да се конзумира директно или пак да се помеша со јогурт, смути или друг омилен пијалок или оброк.

Важно!!!

  • Лица алергични на полен или убод од пчела мора да бидат особено внимателни доколку планираат да консумираат перга.  Кај овие лица пергата може да предизвика сериозни алергиски реакции, како отежнато дишење, оток, чешање, црвенило и анафилакса.
  • Трудниците и доилките се препорачува да ја избегнуваат пергата, а поради присуството на мед и други материи, пергата не се препорачува и за деца до две години.
  • Луѓето кои земаат лекарства за разредување на крвта, мора да се особено внимателни и доколку планираат да конзумираат перга, да се консултираат прво со својот лекар