Пчелин восок

Пчелин восок


Пчелиниот восок е производ на восочните жлезди на пчелите работнички на возраст од 12 до 18 дена.  Пчелите лачат восок од специјални жлезди лоцирани на нивниот абдомен. Кај пчелите постари од 18 дена, овие жлезди почнуваат да атрофираат. Восокот излегува безбоен и кршлив и со помош на нозете пчелата го пренесува од абдоменот во устата каде што почнува да го џвака и омекнува додавајќи плунка. Во текот на овој процес, во восокот се прибираат и делови од мед, полен и прополис што ја менува неговата боја. 
Пчелите трошат околу 7 килограми мед за да произведат 1 килограм восок.
На овој начин тие создаваат градежен материјал со кој градат шестоаголно саќе, каде го складираат медот и ги одгледуваат своите млади. Пчелите со восок ја запечатуваат и секоја келија исполнета со мед, при што се задржува нивото на влага во медот и се заштитува од нечистотии и надворешни влијанија. 
Доколку процентот на влага во медот е висок, тогаш тој ќе ферментира и ќе се расипе.
Специфичната тежнина на восокот е 0,94 - 0,96, што значи дека плива на површината на водата, а се топи на температура 62 - 64° C. 

Пчелиниот восок е составен од повеќе од 300 различни супстанции. Главни хемиски елементи кои го сочинуваат восокот се јаглерод (73,3%), водород (13,2%) и кислород (7,5%), масни киселини, заситени јаглеводороди, аромати, вода и други минерали. Составот на восокот може да се промени и во зависност од некои генетски карактеристики на колонијата или пак под влијание на околината. При топење на саќето, восокот добива дополнителни нечистотии од прополис, полен, матичен млеч и мед, со што се зголемува неговата корисна биоинфлуентност. Во пчелиниот восок се сретнуваат и помали количини на бои и есенцијални масла, кои ја одредуваат неговата боја и мирис.

Употреба на пчелиниот восок во козметиката

Пчелиниот восок има антибактериски и антифунгални својства, а содржи и природни навлажнувачи што го прави особено погоден како мелем за кожа и усни. Се употребува за помали изгореници и други оштетувања на кожата и помага во нејзино побрзо заздравување. Најчесто се меша со други супстанции како мед, маслиново масло, невен, т.е во производство на лосиони и креми за нега на кожата, лекување на егзема, псоријаза и сл.

Дали е може да се јадe пчелиниот восок

Еден од најдобрите начини за конзумирање на мед е директно од саќе, па така скоро секогаш се наметнува и прашањето – дали е сигурно да се јаде и восокот? 
Иако не содржи хранливи материи, пчелиниот восок е нетоксичен и безбеден за голтање.
Покрај мед, во сатните основи има и остатоци од прополис и матичен млеч, па нивното конзумирање со сигурност има позитивен ефект врз организмот. Џвакањето на мед во саќе помага во чистењето и дезинфекцијата на усната шуплина, односно помага при парадентоза и забен камен. Сепак треба да се внимава количински колкава количина на мед се конзумира, а бидејќи самиот восок нема некои позитивни ефекти врз дигестивниот систем, се препорачува изџваканото саќе да се плукне, т.е. да не се голта.