Прополисот е мешавина на восок и смолести материи кои пчелите ги собираат од некои растенија. Познат и како „пчелин лепак“, името го добил од грчките зборови “про” (пред или одбрана) и “полис” (град).
Пчелите со прополис го заштитуваат „пчелиниот град“ од сите несакани гости, го користат за запечатување на дупки и пукнатини, за зацрврстување на рамките или пак за балсамирање на убиените непријатели во кошницата.
Со помош на прополисот, пчелите ја заштитуваат кошницата од надворешни атмосферски влијанија и предатори, задржувајќи ја внатрешната температура на оптимално ниво и обезебедувајќи асептично внатрешно опкружување.
Бидејќи популацијата на пчели е просторно ограничена и живее во близок контакт, болеста кај една пчела може брзо да се рашири на целата кошница. Сепак, пчелите најчесто остануваат здрави бидејќи си произведуваат свој антибиотик, односно прополис.
Прополисот е составен главно од смола (50%), восок (30%), есенцијални масла (10%), полен (5%) и други органски соединенија (5%). Истражувачите идентификувале повеќе од 300 соединенија во прополисот. Поголемиот дел од овие соединенија се форми на полифеноли.
Полифенолите се хемиски соединенија кои се важни за многу метаболички процеси во растенијата и за здрвјето на луѓето. Полифенолите најчесто се сретнуваат во растенијата и се истакнуваат како антиоксиданти кои се борат со болести и оштетувања во организмот.
Прополисот содржи полифеноли наречени флавоноиди, кои имаат антибактериско, антифугално и антивирусно дејство и имаат позитивни ефекти врз здравјето на растенијата и живите организми. Со своето антиоксидантно дејство тие го чистат организмот од слободните радикали.
Флавоноидите спречуваат развој
на кардиоваскуларни болести и настанување на голем број воспаленија.
Прополисот содржи
и важни витамини, како што се Б1, Б2, Б6, Ц и Е и корисни минерали како магнезиум, калциум, калиум, натриум, бакар,
цинк, манган и железо.
Уште 5500 години пред новата ера, Античките Египќани го користеле прополисот како смеса за балсамирање, како и поради неговите лековити својства. Римските војници користеле прополис за заздравување на раните, а жените користеле крем од прополис за нега на лицето и телото и како лек за низа здравствени проблеми.
Поради природните
антимикробни и антиоксидантни својства, прополисот помага при природната
одбрана на организмот од инфекции на горниот респираторен тракт, инфекции на
кожата, болки во грлото и / или други инфекции на устата и помага во
зараснување на помали рани.
При повисоки температури прополисот е мек и леплив, а доколку се олади станува тврд и кршлив доколку се замрзне.
Поради своите лековити својства, денес прополисот се користи во форма на домашни лекови, пасти за заби, кремови, капки, додаток во исхраната и сл.