Пчелин отров - апитоксин

Пчелин отров или апитоксин е безбојна густа течност со карактеристичен силен мирис и горчлив вкус, кој пчелите го лачат од жлездите во задниот дел од телото и им служи за заштита од непријатели. Пчелиниот отров почнува да се лачи веднаш по изведувањето на пчелите и се полни во посебна кеса во задниот дел на телото. По околу 20 дена, кесата е исполнета и содржи максимална количина од околу 0,3 грама пчелин отров. После тоа, запира лачењето и кесата не може да се полни повторно. 

Honey bee on flower

Убод од пчела содржи околу 50-100 микрограми отров и убодниот апарат останува на кожата луѓето, по што пчелата умира. Само пчелите работнички и матицата лачат пчелен отров. Кај матицата кесата се смалува после првата година и пчелиниот отров станува погуст и стврднува.

Во споредба со другите животински отрови, пчелиниот отров е сличен во своето дејствување на отровот од некои змии, со таа разлика што кај пчелите отровот е присутен во далеку помали количини. Токму поради тоа поголем број на убоди од пчела може сериозно да го загрозат животот на човекот и да доведат до смрт. Убодот од пчела не може да биде носител на заразни болести, поради самиот отров кој ефикасно ги убива сите микроорганизми.

Пчелиниот отров содржи антиинфламаторни и воспалителни соединенија, вклучително и ензими, шеќери, минерали и аминокиселини. Пчелиниот отров содржи околу 50% од соединението Мелитин кое според некои студии има антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство.

Апитерапија е алтернативна медицинска практика која користи пчелни производи - вклучувајќи го пчелиниот отров - за лекување и спречување на болести и подобрување на здравјето кај луѓето. И покрај тоа што пчелиниот отров од неодамна доживеа пораст на популарноста, терапијата со пчелен отров се користи во традиционалната медицина со илјадници години.

Пчелиниот отров се користи на голем број начини и е достапен во многу форми. На пример, се додава на производи како екстракти, додатоци, навлажнувачи, серуми и сл. Инекции со пчелен отров можат да се администрираат од здравствени работници, а во одредени терапии се користат и живи пчели.

Постојат научни студии кои ја потврдуваат употребата на пчелиниот отров за третман на Лајмска болест, ревматоиден артритис, хронични воспалителни болести, десензибилизација на отров од пчела итн.

Пчелниот отров има сложен хемиски состав, т.е се состои од повеќе од 50% од различни протеини, но исто така вклучува и калциум, магнезиум и фосфор. Компонентата со најголемо токсично дејство е мелитин кој влијае на циркулацијата на крвта кај луѓето и животните. Други состојки се апамин кој влијае на нервниот систем и хистамин кој предизвикува болка.

При убод пчелата го инјектира својот отров кој кој се состои од следните супстанции

  • Апамин - невротоксин.
  • Адолапин - има антивоспалително и аналгетско дејство и се користи во лекови против болки
  • Фосфолипаза - ги деградира клеточните мембрани и ја инхибира коагулабилноста на крвта.
  • Хијалуронидаза - ги шири капиларите предизвикувајќи ширење на воспаление
  • Хистамин – предизвикува алергиска реакција и болка
  • Допамин - зголемување на пулсот
  • Норадреналин - зголемување на пулсот
  • Протеаза - Инхибитори - антиинфламаторно дејство и го запира крварењето.
  • Тертиапин- Блокира два вида на калиумови канали.

Алергиски реакции

Убодот од пчела може да предизвика тешка алергиска реакција вклучително и анафилактичен шок, кој може да резултира со смрт. Иако денес мал дел од популацијата се алергични на пчелин отров, пред било каква работа со пчели или пак третман со апитоксин, важно е лицето претходно да се тестира за алергии. 

Терапијата со апитоксин мора да ја изведуваат стручни медицински лица, кои мора да поседуваат соодветна обука и опрема за прва помош.